Започна самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Главната камера на медиумскиот тим на ЕУ пред официјалниот почеток на состанокот ги „улови“ премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и /Кирил Петков во близок меѓусебен разговор. Она што можеше да се забележи е мавтањето со прст на Ковачевски пред Петков. Сепак, не можеше да се слушне за што точно разговарале, но сигурно е дека темата е блокадата на Бугарија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ.
Видеото е преземено од ТВ21.