More

    Ковачки: Ковачевски и Османи 6 месеци го преговарале последниот предлог со кој се бугаризира Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против тие се за, ајде на избори, народот нека одлучи

    Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог кој стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи. Владата прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот, доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

    Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи.

    Изборите кои вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор, или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне, или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе.

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овој предлог е лош за Македонија, и не е заснован на никакви европски вредности.
    Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително.
    Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалната на Унијата, од потпишувањето на Актот за стабилизација и асоцијација, до денеска.
    На Македонија и треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување.

    spot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    22.8 ° C
    22.8 °
    22.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Mon
    36 °
    Tue
    37 °
    Wed
    34 °
    Thu
    34 °
    Fri
    30 °
    spot_imgspot_img