СДСМ е без компас и очигледно нема намера да запре. Власта повторно ги остави на цедило средношколците и студентите. Имено, владејачкото мнозинство во текот на вчерашниот ден без тронка срам и одговорност, го одби амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кој што се бараше од буџетот да се издвојат 20 милиони денари за бесплатен превоз на средношколците и студентите. Со овие средства дополнително ќе се помогнеше на приватните лиценцирани превозници кои веќе подолг период се соочуваат со огромни проблеми токму поради екстремно високите цени на горивата во Република Македонија. Но за жал, власта и за ова немаше ниту слух, ниту разбирање, а очигледно немаше ниту желба да помогне. Таа е реалноста кога СДСМ е на власт. Тие не ни знаат поинаку, истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Бети Стаменкоса-Трајкоска.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Стаменкоса-Трајкоска во целост:
Срамно е тоа што во историски најголемиот буџет на Република Македонија, нема пари за средношколците и студентите, ама има пари за купување на луксузен мебел, за седенки во кафеани и ресторани, за службени патувања, за купување на нови возила за министрите и директорите и уште мал милион други непотребни и непродуктивни трошења на народните пари.
Со ова уште еднаш се покажа и докажа на дело дека расипничкото трошење и луксузирање се поважни од условите за нормален и редовен образовен процес на средношколците и студентите. За СДСМ е поважно личното богатење и полнење на своите џебови, отколку иднината на нашите деца.
Од друга страна, за нас симптоматично е тоа што за ова нема никаква реакција од одредени организации на средношколците и студентите. Нема реакција од оние кои што сега кога најмногу треба да застанат во одбрана на оние кои што ги застапуваат, тие молчат и ја одобруваат оваа лоша образовна политика на Владата. Сепак, и тие, како и СДСМ, се оддамна прочитани и препзнаени како главни виновници за катастрофалните услови со кои се соочуваат младите во Македонија.
Очигледно СДСМ интензивно работи на нивниот проект „за иселување на младите од нашата држава“. Ветуваа бесплатно, достапно и квалитетно образование за младите, но донесоа само пустош. Направија огромни штети на образованието во Република Македонија кои ќе бидат потребни повеќе години за да се поправат.
Очигледно, тоа е пустошот кој што оваа ненародна власта предводена од СДСМ ќе го остави зад себе. Едноставно, ова е веќе премногу, дури и од СДСМ.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ