Секој што вpши нyжда во море или на плажа ќе биде казнет со околу 750 евра, соопштија властите во Виго, град во северната шпанска област Галиција.
За да се стави крај на овој проблем, планирано е да се постават јавни тоалети на плажите, пренесува „Дејли мејл“. Во моментов нема достапни детали за тоа како ќе се применува ова ново правило.
Градскиот Совет на Виго, планира и да ги поттикне Шпанците, но и туристите, да живеат здрав живот со забрана за пyшење на одредени плажи. Тие се надеваат дека со овој потег ќе се намали и загадyвањето на животната средина со фрлањето отпушоци од цигари.
Виго не е првиот град во Шпанија кој го забpани мокpeњето во море. Истото го направи и Сан Педро дел Пинатар во Мурсија во 2017 година.
Освен тоа, тамошните плажи забрануваат продажба на храна и пијалоци без соодветна дозвола, а во спротивно, може да биде изречена казна и до 3.000 евра.
republika.mk