ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум, 17% повисока цена од сегашната!

Заврши тендерот за Универзалниот снабдувач. Од ЕВН Хоум информираат дека на повикот се јавиле само од ЕСМ и дале понуда – произведената струја да им ја продаваат за близу 20% повисока цена од сегашната, кој беше 41 евро за мегават/час, објави Канал 5. 

„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (Јануари-Јуни 2022).“ информираат од ЕВН.

Сега на ред е Регулаторна која треба да направи пресметки. Она што досега е познато е дека речиси сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите кои ги вршат. МЕПСО побара 68% зголемување, додека Електродистрибуција дури 80%. Сите овие барања Регулаторот треба да ги пресмета и одлучи што ќе прифати, а што не. Со тоа ќе биде познато и колкаво поскапување на сметките за струја ќе имаат граѓаните од 1ви јули.

Текстот во целост на: Канал 5. 

фото: Архива