„Ова е нечуено. Не ни даваат куфери, немаме работи со нас. Ни велат да одиме во хотел. Се е веќе резервирано, не можеме ни да најдеме сместување“. Вака за „Блиц“ велат српските лекари д-р Драган Стајиќ и д-р Дејан Димитријевиќ, двајца од околу 100-те гинеколози и ортопеди од Србија, кои беа заробени на аеродромот во Франкфурт откако им беше откажан летот за Белград.
Д-р Стајиќ и д-р Димитријевиќ беа во Лисабон на Конгресот на гинеколози и ортопеди на Србија. Тие патувале преку агенцијата Фог. Вчера вечерта го напуштија Лисабон, а трансферот требаше да биде во Франкфурт, а потоа да одат во Белград. Но, на половина пат застанаа поради – штрајк на вработените на аеродромот!
Но, и тоа не би било толку голем проблем доколку не им ги снемало куферите кои ги предале пред да се откаже летот. Им било кажано дека до понеделник нема да има летови за Белград и дека утре ќе дојдат по багажот.
фото: Фактор.мк