Во камион со приколка во Тексас пронајдени тела на најмалку 46 мигранти

0
432

Телата на најмалку 46 мигранти се откриени во камионска приколка во Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, што е еден од најсмртоносните инциденти во трговијата со луѓе долж американско-мексиканската граница, соопштија локалните власти.

Локалната противпожарна служба во Сан Антонио соопшти дека во камионот имало тела на 46 мигранти, а 16 луѓе биле пронајдени живи и однесени се во болница. Меѓу преживеаните има и четири деца. Шефот на пожарникарите, Чарлс Худ, изјави: „Пациентите кои ги видовме беа прежешки за да можеме да ги допреме, страдаа од топлотни удари.“

Во приколката на камионот немало вода. Според Худ, камионот бил всушност со ладилник за транспорт, но системот за ладење не бил вклучен. Вчера локалните метеоролошки станици измериле температури од околу 40 степени Целзиусови, при голема влажност на воздухот.

Најверојатно сите жртви, како што се вели, биле мигранти кои во САД влегле илегално. Мексиканското Министерство за надворешни работи соопшти дека се утврдува дали во случајот се вмешани мексикански државјани.

фото:TWITTER KSAT 12