Шефот на државата Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.
Кралицата Летиција достојна како и секогаш. Кога е во прашање модата, никој не може да ѝ парира. Сите први дами ги фрли во втор план.
Покажа дека кога станува збор за модата и облеката нема апсолутно никаква конкуренција, барем во светот на политиката. Таа успешно ги засени сите први дами на членките на НАТО собрани на самитот во Мадрид вечерва, кој започна со гала вечера во палатата. Убавата кралица избра докажана црна комбинација, која сепак успеа да се истакне и да изгледа неверојатно елегантно и отмено.
Од друга страна, за пофалба е и модниот избор на нашата прва дама. Елизабета Ѓоргиевска се појави во црвена моќна комбинација, која е дело на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов.
Свилениот фустан првата дама Елизабета го искомбинира со црвени чевли и чанта во иста таква боја
zenskimagazin.mk