ВМРО ДПМНЕ: Народот го чувствува осиромашувањето и националното понижување, а во исто време го гледа дивеењето и насилството на власта

Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо. Но таквата нервоза нека си ја манифестираат по дома или на партиските состаноци, а не во собранието.
Да навредуваш, влечеш, гаѓаш со тврди предмети и да расфрлаш инвентар не доликува никаде, а најмалку во законодавниот дом, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

За ова свое поведение Арбр Адеми треба да одговара пред Јавното обвинителство бидејќи со намера се обиде да нанесе тешки повреди на свој колега пратеник. Ако имаат доблест СДСМ и Ковачевски нема да се прават наивни и да релативизираат туку ќе побараат тргање на имунитетот на Арбр Адеми и одговорност.
Целата јавност го виде насилството на Адеми и тука не им поминуваат оправдувања за хибридни напади, странски служби или играње на национална карта. Адеми дивееше и тоа го виде секој.
Доколку пак на СДСМ и на ДУИ ваквите инциденти им се смислено сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста, и тогаш се лажат. Граѓаните ем ќе го запамтат дивеењето и примитивизмот на власта во Собранието, но во исто време ќе го чувствуваат осиромашувањето кое им се случува со двоцифрената инфлација и новото поскапување на струјата.
Граѓаните ќе ги памтат и испадите на Адеми и на Талат Џафери, ама и распродажбата на националните и државните интересеи која се прави на тајните преговори за протоколите кои треба да ги содржат сите бугарски барања.
Граѓаните гледаат со каква насилничка, неодговорна, ненародна и криминогена власт си имаат работа и затоа бараат промени. Тие промени ќе се случат на следните предвремени парламентарни избори.

извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива