Во Египет продолжува традицијата на рачно изработување килими, стара стотици години

Рачното изработување килими, што трае стотици години во Египет, кој е меѓу најстарите цивилизации во светот, продолжува и денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Домаќинките, кои добиваат обука за ткаење килими во различни градови во Египет, придонесуваат за семејниот буџет работејќи на традиционални ткајачки разбои.

Во изјава за дописникот на АА, Муне Мухамед рече дека пред околу две години научила како да ткае килими.

Наведувајќи дека со приходите заработени од ткаењето килими го поддржува своето семејство и го подготвува својот чеиз, Мухамед рече: „Изработката на килимите може да трае со денови, понекогаш и недели, во зависност од нивниот дизајн и големина. Во просек завршувам 2-3 килими месечно.“

„Уметноста на ткаење килими во Египет датира од пред стотици години. Со тоа, ние всушност го одржуваме во живот наследството на ткаење килими, што ни е предадено од нашите предци“, рече Мухамед.

Енвер Ебу Зајид, менаџер на бизнисот со ткаење килими во селото Дар ес-Селам во градот Фејум, Египет, за Агенција Анадолија (AA) нагласи дека килимите ткаени во неговата земја имаат важно место на меѓународниот пазар на рачно изработени килими.

Тој наведува дека цената по квадратен метар варира помеѓу 64-160 долари во зависност од видот и дизајнот на килимот, Зајид додаде дека организираат 4-месечен курс за изработка на килими за жените кои сакаат да работат.

извор: Ferdi Bayat  Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).