Во Турција е потврден прв случај на мајмунски сипаници

0
295

Во Турција е потврден прв случај на мајмунски сипаници, соопшти тамошниот министер за здравје, Фахретин Коџа.

Според информациите кои ги соопшти, пациентот има 37 години и има нарушен имуносистем.

Коџа на Твитер напиша дека пациентот е во изолација, а досега не се идентификувани други случаи, пренесе РИА Новости.

Потсети дека оваа болест не се пренесува по воздушен пат, туку со близок физички контакт.

фото: Архива