Одморалишта за кои не платила ниту денар биле продавани од Стопанска банка

Од „Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска Банка – АД Скопје“ најавија серија од неколку колумни, насловени како „Институциите против народот – Случај Стопанска Банка – АД Скопје“ во кои ќе објават повеќе случувања поврзани со оваа банка за кои се сомневаат дека се косат со законската легислатива.

Тие најавија дека ќе актуелизираат проблем кој е предизвикан од најголемата банка во државата се соочуваат над 3600 граѓани. Станува збор за акционери во банката на кои години наназад не им се исплаќа дивиденда.

Во колумната објавена вчера тие открија дека банката на вработените им одзела недвижен имотот (станува збор за одморалишта), направен со допринос од самите вработени и ги продала за своја сметка.

Првиот сериозен проблем се случи веднаш по преземањето во првите 2-3 години: банката на вработените им го одзеде имотот кој се состоеше во одморалишта и го продаде за своја сметка.

Од Координативното тело велат дека одмаралиштата биле во вредност од околу 1,5 мил. германски марки. Според нив, оваа операција била спроведена далеку од очите на јавноста, а за истата можат да посведочат поранешните работници.

Оваа информација е од поранешни вработени, кои беа сведоци дека одморалиштата не беа на списокот на имот на банката при купопродажбата, што значи дека за нив грчката банка не платила ни цент. Одморалиштата беа изградени со пари на вработените, собирани во периодот на 70-те и 80-те години од минатиот век, во рамки на работните заедници. Продажбата на одморалиштата, вредни околу 1,5 мил. германски марки, се држеше во најголема тајност и денес ретко кој знае за тоа.

 

antropol.mk