Ковачевски: Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека францускиот предлог официјално пристигнал во Владата на Македонија, односно во Министерството за надворешни работи. Според него, овој предлог е стигнат по интервенцијата во Брисел и реакцијата на драфт документите.

„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции. Ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во државата“, вели Ковачевски.

„Нашиот став беше дека историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог. Од утре шефот на дипломатијата ќе има консултации во детали во однос на предлог документите и со медиумите“, изјави Ковачевски.

фото: PRTSC Влада