(ФОТО) Се поставуваат шатори, граѓаните остануваат пред Влада

Дел од граѓаните кои протестираа против францускиот предлог остануваат вечерва пред зградата на Владата, и поставија и шатори, а други дојдоа со своите возила.

Како што беше претходно најавено, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот.

Дека е можно да се останува пред Владата, најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

фото: 4NEWS