(ФОТО) Пробиен полицискиот кордон, демонстрантите пред полицијата бараат оставки

Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда. На униформираните полицајци граѓаните навалија со цвеќе, со повик да им се придружат за Македонија.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.

фото: NEWS1.MK