ДЗС ги промени графиконите за верската припадност, атеистите преку ноќ пораснаа од 355 на 8764 лица

0
287

Два дена по објавените резултати, на официјалниот сајт на Државниот завод за статистика се објавени промени во табелата и конфузни пресметки.

Најзабележлива е промената кај атеистите, кои од 355, сега се 8764- колку што претходно официјално броеа евангелско-протестантските христијани, а сега воопшто не се наведени, објави Канал 5 .

Оние групи кои броеле под 500 лица на ниво на државата, како евреи, адвентисти, баптисти, реформисти или членови на Харе Кришна, сега ги нема на табелата, а во категориите именувани како “други”, “не се изјаснил” или “непознато”, бројките се поголеми од првично објавените.

Канал 5 побара објаснување од директорот на статистика Апостол Симовски, кој најави дека во понеделник ќе добиеме одговор за што конкретно станува збор. Утрово во гостување на радио Канал 77 тој рече дека се сомнева во техничка грешка во називите на графите, и негира дека се работи за интервенција за промени во бројките.

Текстот во целост на: Канал 5