Априлски снег прекри неколку европски земји

0
338

Неколку земји во Европа во април влегоа со врнежи од снег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Белгија, Германија, Холандија и Шпанија управите за метеорологија издадоа предупредувања за неповолни временски услови.

Белгија, во која со недели преовладува пролетното време, утрово се разбуди со бел пејзаж. Управата за метеорологија на Белгија даде жолт аларм поради невремето во некои региони и извести дека врнежите од снег ќе продолжат.

Холандија веќе два дена е под влијание на снежни врнежи. На автопатите создадени се километаски редици, особено околу метрополите како што се Хаг, Амстердам и Утрехт.

На ридовите во близина на Велуве и Нејмеген, падна над 10 сантиметри снег, а беше издаден жолт аларм за осум покраини.

Во Германија на првиот ден од април падна снег и во високите предели на земјата и во подрачјето на Вестфалија на запад. Возила за борба против снегот работеа вдолж автопатот А2 во Вестфалија.

Исто така, соопштено е дека снег паднал и во алпските региони Шварцфалд и Швабише во покраината Баден-Вуртемберг, а во текот на денот се очекуваат врнежи од снег и во покраините Саксонија, Саксонија Анхалт и Туринген.

Денеска имаше снежни врнежи и во некои делови на Швајцарија. Слаби врнежи од снег се забележани во утринските часови во планинските предели и градовите околу Женевското Езеро.

Шпанија, пак, во април влезе со најниски температури во последните 20 години.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).