(ФОТО) Силниот ветер „откорна“ дрво во Карпош

0
378

Силното невреме што го зафати денеска Скопје, предизвика метеж на улиците, а дел од нив беа блокирани со паднати дрва.

Како последица од силниот ветар, на улица Желево во Карпош 4 откорнато е големо дрво и паднато на улицата.

За среќа нема повредени, а засега не е пријавена ни поголема штета на автомобили што биле во близина во текот на силното невреме.

– Службите веднаш излегоа и го расчистија теренот, велат од општина Карпош.