Европскиот суд за човекови права ја осуди Франција за држење на 8-годишно дете во притвор

0
399

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Франција, која во 2020 година задржала осумгодишно дете во притвор 14 дена, ќе му плати отштета од 5.000 евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во одлуката објавена вчера се потсетува дека осумгодишното дете родено во Грузија, кое со семејството влегло во Франција во 2019 година, било задржано 14 дена во Управниот притвор „Мец-Куеуле“, заедно со неговите родители пред да биде вратено во неговата земја на 20 ноември 2020 година.

Во решението се нагласува дека детето кое има 8 години сѐ уште не е свесно да ја разбере ситуацијата дека било задржано во чувствителна средина и дека екстремно долгиот 14-дневен притвор ќе му наштети психички и емотивно.

„Европскиот суд за човекови права заклучи дека, со оглед на возраста на детето, условите и времетраењето на притворот, властите со малолетно дете постапувале спротивно на членот 3 од Европската конвенција за човекови права, кој забранува нечовечки или понижувачки третман”, се вели во соопштението.

Од тие причини, Европскиот суд за човекови права одлучи француската администрација да му плати на детето отштета од 5.000 евра.

извор: Агенција Анадолија (АА).