Нов патентиран метод на турските научници за промена на концептот на стоматолошките третмани

0
488

Група турски научници се подготвува да го воведе новиот метод на лекување базиран на употребата на протеини во човековото тело за зајакнување на структурата на вилицата и на забите, и да го забрза процесот на заздравување по стоматолошките операции, јавува Агенција Анадолија (АА).

Напорната работа на групата составена од д-р Ајлин Сепиџи Динчел, д-р Алтај Улудамар и д-р Ердал Ергунол конечно вроди со плод по три и пол години опширно истражување откако Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) ја одобри употребата на методот, кој ќе биде под заштита на правата за патент во 156 земји.

Процесот се реализира бидејќи успешно беа завршени испитувањата на третманот на животни и фазните тестирања се сè уште во тек, според Улудамар, кој рече дека целта била да се спречи губењето на забите и да се намали времетраењето на процесот на заздравување во стоматолошките третмани.

„[Третманот] ќе обезбеди побрзо закрепнување и ќе создаде структура на коска со висок квалитет со употреба на сопствениот механизам на телото“, рече Улудар, и притоа додаде дека протеинот извлечен од телото на пациентот ќе се користи за третман кој може локално да се аплицира.

Текстот во целост на: Извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Архива