Започна вакцинацијата со четврта доза за Ковид-19 со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“

Започнува вакцинацијата со четврта дозаза Ковид-19 во Северна Македонија. Ваквата информација ја соопшти Комисијата за заразни болести, која укажува дека четврта доза може да примат лицата над 18 години кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Трета бустер доза досега имаат примено 9 проценти од вкупното население.

Вакцинацијата со четврта доза ќе се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

извор: dw.com