Силниот ветар искрши дрво во Охрид. Гранките го прекрија тротоарот и дел од коловозот до кружниот тек Здружение на возачи
Македонија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса и висински циклон кој од областа на јужен Јадран ќе се преместува кон Македонија. Овој вртложен атмосферски систем во средни размери изразито ќе ја дестабилизира атмосферата, и ќе услови формирање на организран кластер на облаци со вертикален развој. Првите промени се очекуваат во Охридско Преспанскиот регион, Пелагонија а во текот на денот нестабилноста ќе се прошири кон централните , северозападни делови (Скопско, Полог), и југоисточните делови а доцна попладне нестабилноста ќе се прошири низ целата земја, напиша на својот ФБ профил Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер.
фото: NEWS1.MK