26-годишен државјанин на Македонија предизвикал сообраќајна несреќа во Србија – се судрил со камион поради несоодветна брзина

0
366

Припадници на МВР во Лесковац ќе поднесат кривична пријава против 26-годишен државјанин на Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, соопштуваат српските медиуми.

Како што се сомневаат, младиот маж од Македонија вчера попладне на автопатот кај Мала Копашница управувајќи „пасат“ се судрил со камион поради несоодветна брзина, пренесе „Танјуг“.

Во таа прилика тој и уште тројца сопатници во двете возила се повредени, соопшти СВР Лесковац.

Потоа, по пристигнувањето на екипата на Брзата помош, дошло до нова сообраќајна несреќа, кога белграѓанин управувајќи „туксон“ удрил во задниот дел на амбулантната кола, исто така поради несоодветна брзина.

Во таа сообраќајна несреќа три лица се здобиле со полесни повреди.

Сите повредени од двете сообраќајни незгоди се пренесени и укажана им е помош во Општата болница во Лесковац.

извор: Република 

фото:Република