Протест во Словенија за поддршка на Македонија

Во сабота (16 јули) во 19 часот граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство организира мирен митинг на плоштадот Тито во Копер, Словенија, за како што се вели во повикот, поддршка на Македонија и напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот на една нација.

Почитувани Македонци кои живеете во Република Словенија, драги Словенци и сите други граѓани на Словенија, во име на граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, љубезно ве покануваме да присуствувате на мирен митинг оваа сабота на 16.7.2022 година во 19 часот на плоштадот Тито во Копер за поддршка на Македонија и на напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот на една нација.

Ве повикуваме на мирен и достоинствен начин да испратите јасна порака до претставниците на Европската комисија и македонските политичари од Словенија. Граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, љубезно ве покануваме да присуствувате на мирен митинг оваа сабота на 16.7.2022 година во 19 часот на плоштадот Тито во Копер за поддршка на Македонија и напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот.

Ве повикуваме на мирен и достоинствен начин да испратите јасна порака до претставниците на Европската комисија и македонските политичари: НЕ за францускиот нацрт-протокол за влез на Македонија во ЕУ и НЕ за фашистичките уцени од Бугарија! Митингот е најавен, затоа ве поздравуваме во очекување на што поголем број учесници, се вели во повикот.

 

republika.mk