Пендаровски оствари средба со Фон Дер Лајен

0
308

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во земјава и процесите поврзани со европските интеграции. Претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен потврди дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за преговарачката рамка, започнуваат конкретните преговори и веднаш започнува скрининг процесот.

Исто така, со започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, најбрзо што е можно ќе се пристапи кон потпишување на билатерални договори меѓу Северна Македонија и Европската Унија, на македонски јазик и на останатите службени јазици на Унијата.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредок на Северна Македонија.

 

kurir.mk