Кузеска: Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров, потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Еве ја вистината, Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров, потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици, истакна Богданка Кузеска портпарол на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат. Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода. Имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ. Погледнете и слушнете го ова видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња. Дури повикува и на заедничко чествување, за заедничка историја, слушнавте. Епа тоа е вистината почитувани граѓани за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација.
Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“.