ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем

ИРЛ ви се заблагодарува за интересот кој го изразивте по повод новиот истражувачки документарен филм „Нечиста крв“ кој вчеравечер се емитуваше на МРТ1 и на ЈуТјуб каналот на ИРЛ.

По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

ИРЛ е непрофитна организација со мал тим на новинари кој работи со скромни ресурси. Важно е да нагласиме дека нашата цел и задача е да известуваме за проблемите, но ја немаме моќта која ја имаат институциите да ги спречат овие случаи и да им дадат правна разврска.

Во моментов се соочуваме со дефицит на човечки ресурси, поради што не сме во можност веднаш да одговориме на сите пријави. Сакаме да ве известиме дека сите граѓани кои ни се обратија и оставија свој контакт ќе бидат исконтактирани во наредниот период и ќе се обидеме да обработиме што е можно повеќе пријави. Искуствата на граѓаните ќе бидат објавени и на официјалната страна на ИРЛ: www.irl.mk

Ве замолуваме да бидете трпеливи и да почекате да бидете контактирани од некој од нашите новинари.

Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме се од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата „Нечиста крв“.

извор: Тимот на ИРЛ