По обелоденувањето на сторијата на ИРЛ од која јавноста во Македонија остана згрозена и запрепастена, а со која се презентираа докази дека во Жан Митрев Клиник се правеле експерименти врз живи луѓе кои доаѓале да се елкуваат од Ковид, а за тоа плаќале десетици илјади евра, за да лежат во креветите во својот измет и да умираат од најразлични бактериски инфекции, обелоденето беше и дека Жан Митрев воопшто не бил Академик.
Митрев во својот последен настап на Канал 77 е најавен како : доктор, професор, академик…
Митрев со години ја лажел јавноста дека има титула Академик, но тоа всушност било купено парче хартија од приватна бугарска компанија која користела звучно име „Платон“која никогаш не била признаена како образовна институција.
На прашање околу тоа како станал Академик, тој нејасно одговори и се заплеткува во зборовите, повторувајќи дека тоа било титула.
„Тоа е титула. Академија Платон за некои мои покренувања во јавноста ми ја доделија без да знам. Не сум ја тражел. Тоа ми остана така во јавноста, така се преземе во тоа време. Сега тоа е тоа“ – рече Митрев, на што новинарката му се заблагодари со зборовите:
„Академик Митрев Ви благодариме за одвоеното време“, но говорот на телото на „академик’ Жан Митрев во тој момент веќе станува од столот со наведната глава и се оддалечува од местото каде даваше интервју.
КУПУВАЛ НАГРАДИ ЗА ГОЛЕМИ ПАРИ
Од 1000 па се до 10.000 евра чиант наградите кои Жан Митрев ги покажуваше во јавноста минатите децении. Дури наградата која во јавноста се презентирала како награда од Оксфорт била купена со пари од 9.300 фунти.