Криминалната приватизација која се случи во 90-тите при транзицијата на македонската економија во слободен пазар, не само што го уништи она што народот заедно го изградил, туку дел од тоа богатството беше и отуѓено во рацете на приватниот капитал. Приватниот интерес дури и беше потикнат со државни пари – ставаќи го профитот на пиедесталот на општеството. Токму ваков е случајот и со првата кардио хирургија во Република Македонија, за која од буџетот на државата тогаш беа одвоени околу 23-24 милиони германски марки, за на крај да тоа да биде присвоено од Жан Митрев, и тоа како монопол на пазарот, но во привати раце, велат од Левица.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:
После толку години, приватизацијата дека со препуштање на здравството на олигарсите ќе се подобри и јавното здравство, денеска сведочиме дека била сосема погрешна. Не само што здравствените услуги не се подобрија, туку тие станаа и недостапни за огромното мнозинство, квалитетот и капацитетот на јавното здравство драстично падна, профитот стана единсвена мерка во регулацијата на здравството.
Оттука, не не изненадуваат појавите на профитерството по цена на животот, за каква станува збор во сторијата на истражувачките новинари објавена вчера а која се ондесува на работењето во време на ковид пандемијата на клиниката Жан Митрев.
Одговорноста пред се’ треба да се бара во тогашниот министер за здравство Венко Филипче, кој, додека приватните болници профитираа во екот на пандемијата, тој се фалеше дека „се’ е под контрола“. Венко Филипче не најде за сходно да го поддржи и предлогот на Политичката партија Левица, кој се однесуваше токму на тоа да се ограничан цените за лекувањето во приватните клиники. Ова требаше да биде прв чекор кон ограничувањето на приватниот интерес и профитот во здравството, но „социјал демократите“ СДСМ и ДУИ како коалициони партнери го одбија овој предлог и оставија народот дури и да се задолжува до гуша за да може да го лекува својот близок или себеси. Тие профитот и интересот на нивните финансиери го ставија пред животот и здравјето на нацијата.
Секторот за здравство при Политичката партија „Левица“ ги повикува институциите да ги стават под лупа дејствијата на сите приватни болници во Македонија и да извршат темелна ревизија на нивната работа во време на пандемијата. Парарелно, да се отпочне реформа каде чекор по чекор, ограничувајќи ги приватните интереси и профитот во давањето здравствени услуги и сите здравствени капацитети да ги стави во функција на јавното здравство за здравствените услуги станат достапни за секого а не само за богатите!
Здравјето не е и не смее да биде бизнис!
извор: Левица
фото: Левица