Ковачевски: Историски ден за Северна Македонија кој е резултат на големата одлука на граѓаните

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска пред почетокот на првата Меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел изјави дека станува збор за историски ден за Северна Македонија и оти ова е резултат на, како што рече, големата одлука на граѓаните кои преку нивните претставници во Собранието јасно кажале дека земјата е Европа во мало и и припаѓа на Европа. Тој информираше дека изутрината имал средба заедно со премиерот на Албанија Еди Рама со претседателката на Европската комија Урсула фон дер Лајен, како и со Петар Фиала премиерот на Чешка чија земја претседава со Унијата.

По Меѓувладината конференција, според најавите на шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот. Чешкиот премиер Фиала, синоќа ја објави одлуката на Европскиот совет за одобрување на преговарачките рамки на ЕУ со Македонија и Албанија.

извор: