Во штипското село Долани изгореа околу 100 мали свињи на фарма

0
281

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот се случил синоќа во 21.30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила.

Изгорени се околу 100 мали свињи, но при интервенцијата спасени се осум мајки свињи и околу 100 мали свињи.

Не се знае која е причината за настанатот пожар. На терен ќе излезат полициски службенiци со цел да се утврди како настанал пожарот.

извор: МИА