Маж на возраст од околу 40 години, со нарушено ментално здравје и во алкохолизирана состојба искршил 20-тината возила, утрово во катната каража кај „Буњаковец“, дознава skopjeinfo.mk од очевидци на настанот.
Според информациите тој се обидел да излезе од паркинг, по што удрил во паркирано возило. Веднаш потоа излегол и ги оштетил сите околни возила кои биле паркирани во катната гаража.
Неофицијално, полицијата утрово го привела сторителот на делото.
„На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“, се наведува во одговорот од МВР.
фото: Фокус