Непријатен мирис се шири од депонијата со линдин во Охис

0
407

Поради зголемување на температурите можно е во одредени временски интервали да се јавува непријатен мирис, кој потекнува од големата депонија и оваа состојба е години наназад. Големата депонија локациски се наоѓа веднаш до малата, која се чисти. ДИЖС континуирано врши инспекциски надзори – 15 дена нема активности во шаторот-мала депонија, велат од надлежниот Инспекторат
Од ОХИС се шири зашеметувачка миризба, реагираат граѓани кои поминуваат покрај некогашниот хемиски гигант, каде, пак, непрописно се депонирани илјадници тони остатоци од канцерогениот линдан.

„Има неверојатна зашеметувачка реа. Доколку чекате со отворен прозор на семафорите или сте во близина на овој објект, ќе сфатите дека се работи за сериози индикации за испуштање на токсични материи. Секое мое застанување на овој семафор го имам идентичното солзење на очи, распарувачки здив и чувство на опасност“,

сведочи граѓанин за „360 степени“ и прашува дали се контролира процесот на чистење на линданот во малата депонија.
Пријави од граѓани стигнале и до Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), од каде велат дека неделава излегле на терен и констатирале дека во моментов нема активности на малата депонија, а миризбата која повремено се јавува, особено при високи температури, е од големата депонија, за која засега ниту има пари да се исчисти, ниту е соодветно покриена.

Од надлежниот инспекторат соопштија и дека со две мониторинг-станици следат евентуални нарушувања на квалитетот на воздухот надвор од ОХИС, за, доколку дојде до надминување на граничните вредности, да се преземат дополнителни мерки за заштита на локалното население.

Едната мониторинг-станица е во кругот на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче, а втората во кругот на Македонско еколошко друштво (МЕД) во близина на Цементарница Усје. Бидејќи во нашето законодавство не постојат дефинирани гранични вредности, Инспекторатот мери просечни неделни концентрации по методологија базирана на меѓународни искуства. Според таа методологија, нема надминување на граничните вредности.

соопшти ДИЖС.