Премиерот на индиската држава Пенџаб, Багвант Ман бил примен во болница со силни стомачни болки два дена откако испил чаша вода од загадената река Кали Беин, објавија индиските медиуми. Болничките извори тврдат дека тој сè уште е во болница за лекарски прегледи.
Ман, кој е поранешен комичар и сатиричар, бил префрлен со хеликоптер во болница во Њу Делхи, а владата ја чувала во тајност неговата хоспирализација.
Од кабинетот на премиерот не потврдија дека Ман е во болница, а еден функционер дури и изјавил дека е здрав и жив и дека има многу средби во четврток.
Изворите велат дека неговите здравствени проблеми се поврзани со пиењето вода од светата река.
Punjab Chief Minister openly drinks a glass of polluted water from a ‘holy river’ to prove that water is clean. Now admitted to hospital. pic.twitter.com/MH1OLwUlUw
— Ashok Swain (@ashoswai) July 21, 2022
извор: Република
фото: