Маж се удави откако го проголта дупка што се отвори на дното од базенот, пренесува „Телеграф“. Клил Кимхи (32) загина во четвртокот, откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајми за забава во централниот израелски град Кармеи Јосеф.
Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50 луѓе.
Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори голема дупка, при што настана вртлог кој вовлече две лица, изјави еден од сведоците на немилиот настан.
Брачна двојка на 60 години, на чиј имот се одржувала забавата, е уапсена под сомнение дека предизвикале смрт од небрежност.
На видеото снимено во моментот на несреќата се гледа како водата од базенот, како и бројните играчки на надувување, одеднаш исчезнуваат низ дупка што се отворила на дното на базенот.
https://www.youtube.com/watch?v=TwL4oPuidHU&feature=emb_title&ab_channel=Raw300tv
фото:Hamodia