Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика велат дека непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.
Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.
„Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин“, појаснуваат од МВР.
Радио Слободна Европа