Англискиот фудбалер Демиен Оливер пред неколку години реши да ја заврши фудбалската кариера и да се посвети на индустријата за филмови за возрасни, но очигледно ниту таму не му оди најдобро.
Оливер играл за младинските категории на Кристал Палас, меѓутоа решил да стане актер во филмовите за возрасни, а неодамна во интервју ги сподели неговите искуства.
„Бев преплашен на моето прво снимање. Првпат го правев тоа пред камери, а момчето кое снимаше беше високо и изгледаше страшно. Се исплашив и не можев да снимам, по што ми помогна девојката, но тоа беше ужасно искуство“, открива Оливер.
Поранешниот фудбалер бил убеден дека во порно индустријата може да заработи многу пари, па тоа била главна причина зошто го напуштил спортот.
„Ми зборуваа дека ќе биде лесно затоа што често менувам девојки, меѓутоа не беше така. Тоа е друг свет и мора да имате самодоверба за да го правите тоа. Ако останев во Кристал Палас дефинитивно ќе заработував повеќе пари“, кажа Оливер.
sport1.mk