Познатата турска актерка Ѓулчин Сантирциоглу денес го слави својот 45 -ти роденден.
Ѓулчин е попозната пред македонската публика со ликот кој го играше во серијата ,,Дива“, Султан Арсланбеј.
Покрај низата честитки и коментари кои ги добива како од своите колеги така и од многубројните фанови таа денес од својата колешка Ајда, доби посебна честитка на Инстаграм.
Со стори од македонската песна „Јовано Јованке“ и нејзина фотографија од посетата во Охрид, поточно плажата Љубаништа таа и го честита роденденот на Ѓулчин.
Инаку недоамна двете беа дел од екипта која престојуваше во Охрид по повод големата свадба на Ебру и Џеди, при што играа и пееа на македонските песни, од кои најповеќе впечток им остави токму легендарната „Јовано, Јованке„
Видео: Инстаграм