Бајден пред три дена излезе од изолација – сега е повторно позитивен на КОВИД 19

Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Белата куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Washington Post (@washingtonpost)

Докторот Кевин О’Конор рече дека Бајден нема симптоми и дека се чувствува „совршено добро“, пренесе Ројтерс.

Бајден, кој беше позитивен на тестот за ковид пред девет дена, ќе биде во изолација до следниот тест. Тој пред три дена излезе од изолација.

Американскиот претседател досега примил четири дози од вакцината против Ковид.

фото: Архива