Конститутивна седница на Собранието на Србија

0
380

Во српскиот парламент денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав, а ќе бидат потврдени мандатите за пратениците кои беа избрани на парламентарните избори на 3 април годинава. Собранието се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени две третини од мандатот. На дневен ред се избор на претседател на Народното собрание, избор на потпретседател и именување на генерален секретар, по што ќе следи избор на членови на работни тела и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции. Како што беше договорено на консултациите на парламентарните партии, денеска во собранието ќе се верификуваат само мандатите и ќе се положи заклетва, додека продолжението на седницата и изборот на претседател е планирано за утре.

 

Радио Слободна Европа