Вечер почнува манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена вечер на Гумење во Крушево во организација на општината. На манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден. Претходно, коњаницата ќе дојде пред столбот на Крушевската Република, ќе се формира поворка, по што делегацијата за полагање цвеќе со коњаницата ќе се упати кон Гумење. Ќе биде положено цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници. Во рамки на програмата на манифестацијата, предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Даме Груев.

 

Радио Слободна Европа