(ВИДЕО) Бик направил метеж на железничката станица

Патниците од Њу Џерси доцнеле на работа во четвртокот наутро, а да нема снимки и фотографии, тешко дека некој би поверувал во објаснувањето за тоа што се случило.

Имено, на сред пруга пронајден е забеган бик! Запрепастени луѓе гледале како животното излетало од контрола, предизвикувајќи 45-минутен сообраќаен метеж.

Урнебесната приказна се случила на станицата Њуарк Пен, а се верува дека бикот избегал од локација во близина на меѓународниот аеродром.

Корисниците на социјалните мрежи на шега ја коментираа причината за доцнењето на возот, при што еден напиша: „Ова може да се случи само во Њу Џерси“, пишува „Дејли мејл“.

Животното се обидело да бега назад кон аеродромот, но било фатено од полицајци и работници од пристанишната управа. Ја успале со специјална стрела и ја вратиле на безбедно место.

telegraf.rs