На источниот брег на Охридското Езеро, на падините каде планината Галичица се спојува со Охридското Езеро, се наоѓа селото Трпејца.
Надморксата висина на населбата е приближно 730 метри. Климата во селото, и покрај значителната надморска височина, е умерено континентална, а не планинска.
Некогаш рибарско село, денес стана луксузно место за одмор што многу се потпира на туризмот во текот на летните месеци. Трпејца има околу 300 жители и има само едно училиште, два дуќани и црква која неодамна била изградена на местото каде што била старата. Селото меѓу локалното население е познато и како македонскиот Сен Тропе.
ЗОШТО СЕ ВИКА ТРПЕЈЦА ? !
Жителите на ова село раскажуваат дека селото го добило името по жена која била сопруга на маж по име Трпе, а ја нарекувале Трпејца.
Се претпоставува дека селото почнало да се формира кон крајот на 16 век. Низ вековите жителите на Трпејца многу се потпирале на риболовот и тргување со риби и земјоделски производи со Охрид и околните села.
На туристите им се нуди широк спектар на активности како што се нуркање, пливање, сончање, планинарење, пловење и риболов.
Селото е длабоко поврзано со планината Галичица која се наоѓа директно над него. Затоа, на локалното население му е дозволен слободен влез во Националниот парк Галичица.
Во близина на селото се наоѓа манастирот „Заум“ (Пресвета Богородица Захумска), до кој се стигнува само со брод и е оддалечен околу 8 минути со брод на југ.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА
News1.мк
Video: One Media ( News1.mk )