Двајца членови од УМС на ВМРО ДПМНЕ назначени на високи функцииво најголемата студентска организација во Европа

Со огромна чест и задоволство сакаме да ве известиме дека двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на високи функции во најголемата студентска организација во Европа, European Democrat Students.


Се работи за Тодор Конески кој е назначен за Копретседател на работната група за Економија и Трговија и Дамјан Коњановски кој ќе биде главен и одговорен урдник на BullsEYE, официјалното списание на ЕДС.
Земајќи ја во предвид специфичната политичка состојба во која се наоѓа Македонија, ова е уште една можност вистината за Македонија да ја претставиме во меѓународни рамки!


Ова е уште еден огромен успех на УМС, која своите позиции ги зацврстува со двајца членови во раководството на најголемата и најстарата студентска организација во Европа.

-стои во објавата на УМС на ВМРО ДПМНЕ.