Локализиран пожар со брза интервенција на вработени во Бабуна-Велес

0
299
Пожарот е приметен окулу 13ч. од посматрачницата што ја има Подружницата Бабуна-Велес на врвот на Свети Илија. По дојава од дежурниот вработен, веднаш е интервенирано. Пожарот бил во Шумско стопанската единица Тополка Карабуњиште, поточно оддел 71/а, помеѓу селата Бузалково и Рлевци, каде што има нискостеблен дабов насад и ниска вегетација од смрека, со примеси од јасен и глог.
Зафатена е површина од два до три хектари. Поради брзата интервенција на вработените од подружницата, пожарот е ставен под контрола и спречено е да зафати поголема површина, информираат од ЈП Национални шуми.