Британец кој решил да го преплива Куковиот теснец имал фантастично искуство кога делфините го спасиле од одреден напад на ајкула.
Имено, Адам Вокер од Нотингем пливал во водите на Нов Зеланд преку Куковиот теснец кога му пришла ајкула.
– Случајно погледнав надолу и видов ајкула. Се обидов да не паничам бидејќи целта ми беше да го препливам теснецот – рекол Адам, објаснувајќи дека тогаш се случило нешто неверојатно.
Делфините кои пливале околу него формирале заштитен прстен и на тој начин го заштитиле од какви било потенцијални напади.
– Сакам да мислам дека ме заштитија и безбедно ме однесоа дома – изјави тој за Marlboro Express.
Инаку делфините се бранат од напади на ајкули пливајќи во јато. Овие смели суштества честопати можат да го вознемират предаторот и да го избркаат.
Дали делфините го направиле ова во одбрана на Адам е друго прашање, но тие во секој случај ја одбиле ајкулата.
Izvor. Kurir
Видео: YOU TUVE Adam Ocean Walker