Софија Вергара, ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ ги воодушеви своите многубројни обожаватели објавувајќи на Инстаграм фотографија од тинејџерските денови во родната Баранкила. Оваа жена родена во Колумбија медиумите често ја нарекуваат една од најубавите холивудски актерки, а таа е горда на своето потекло и покажува дека нејзиниот изглед се должи на мајката природа и добрите гени.
Таа неодамна го прослави својот педесетти роденден, а годините како да не оставаат трага на неа. Таа е родена во 1972 година како најмало од петте деца во прилично добро ситуирано семејство, но седумдесеттите и осумдесеттите години во Колумбија беа прилично бурни години обележани со насилство.
Трговијата со дрога во Баранкила донесе насилство меѓу завојуваните паравоени фракции, и иако членовите на семејството Вергара беа донекаде заштитени поради нивниот економски статус, истите предности ги направија потенцијални цели, па Софија сакаше што поскоро да ја напушти таа средина. Се омажила на многу млада возраст, а на 18 години го родила својот единствен син Маноло.
gloria.hr