(Видео) Се сруши најдолгиот мост во Кина

0
477

Најдолгиот дрвен заоблен мост во Кина, изграден пред 900 години во провинцијата Фуџијан, се урнал откако го зафатил пожар.

Мостот Ванан, изграден за време на династијата Сонг (960-1279), беше оштетен во пожар синоќа, што доведе до негово уривање, пишува Global Times.

Причината за пожарот е под истрага.

Мостот бил познат и како Мост на универзалниот мир и бил најдолгиот дрвен лак мост во Кина, со должина од 98,2 метри.

Мостот Ванан е заштитен на национално ниво како културно богатство од 2005 година,пренесе Новости.рс.

 

tocka.mk