Шумочуварската служба секојдневно во борба со бесправната сеча

По дојава од припадници на одделението за внатрешна контрола, во атарот на село Бигор- Доленци, затекнато е бесправно посечено и дотурено дабово огревно дрво. Припадници на шумочуварската служба од подружницата во Кичево, се излезени на лице место.
Дрвната маса е одземена и префрлена во складот на подружница Лопушник, дрвокрадците не се затекнати на местото, информираат од ЈП Национални шуми.