Од денеска во Бугарија: Маските се задолжителни во јавниот превоз, медицински установи, градинки

0
237

Во Бугарија од денеска заштитните маски се задолжителни во медицински установи, аптеки, оптики, специјализирани установи за давање социјални услуги и во социјални услуги од резиденцијален тип за деца и возрасни.

Маски ќе бидат потребни и при користење на јавен превоз и престој на соодветните постојки/станици кои се во затворени простории. Исклучок од условот за носење заштитна маска е за деца до 6 години.

Со ова се унифицираат антиепидемиските мерки во целата државата, поради фазата на ширење на ковид-19 во моментов. Мерките ќе важат до 18 август.

Во однос на големите комерцијални објекти, од типот на трговски центар, граѓаните треба да носат заштитни маски за лице при посета на индивидуални трговски објекти во рамките на трговскиот центар, но не и во заедничките простории.

фото: Anadolu Agency